Макрон: Демагогија е ембарго врз оружјето за Ријад поради Кашоги

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференција во Братислава вчера порача дека повиците за ембарго врз продажбата на оружје во Саудиска Арабија поради новинарот Џамал Кашоги се „демагогија“.

Додека сѐ повеќе земји членки изразуваат поддршка за ваков вид санкции против Ријад по смртта на новинарот Џамал Кашоги, Франција, која склучи зделка за оружје во износ од милијарда и половина евра со Ријад во 2017 година, се спротиставува на ваква мерка. Чиста демагогија е да се каже дека треба да престане да се продава оружје, нема никаква врска со случајот Кашоги, истакна Макрон.

Претседателот побара европскиот одговор да не заснова врз емоции.

– Чекам фактите да бидат јасно етаблирани и пред сѐ одговорните и нарачтелите за сносат последици… Санкциите треба да бидат таргетирани против оние кои се поврзани за убиството на новинарот Кашоги, посочи Макрон.

Тој оцени дека ембарго врз продажбата на оружје може да биде поврзана со војната во Јемен, но не со смртта на новинарот и додаде дека Саудиска Арабија „воопшто веќе не е наш главен партнер во размената на оружје“, туку дека е земја со која „имаме партнерство“, меѓу другото во борбата против тероризмот.

Францускиот претседател јасно се издвовјува од повеќето негови европски колеги, вклучително и германската канцеларка, Ангела Меркел која вчера изјави дека Германија нема да извезува оружје во Саудиска Арабија додека не се разјасни убиството на Кашоги.

– Ријад мора сѐ да направи за да ја реши итната хуманитарна ситуација во Јемен, во моментот милиони луѓе гладуваат, сведоци сме на една од најголемите хуманитарни катастрофи, изјави Меркел.

Австрија, која претседава со ЕУ до јануари, застана зад Германија по ова прашање.

Белгиската фирма ФН Херстал која извезува оружје во Саудиска Арабија вети дека „највнимателно ќе ги разгледува“ нарачките во иднина.

Европскиот Парламент изгласа резолуција во која бара да му се стави крај на извозот на оружје за Саудиска Арабија на европско ниво