Македонци ограбиле поштари во Словачка, па се сликале за „Фејсбук“

Словачката полиција имала помалку необичен случај на разбојништво во селото Водеради. Во акцијата на безбедносните служби уапсен е 28-годишен македонски државјанин, додека се трага по уште двајца Македонци на возраст од 24 и 42 години. Тие се сомничат дека пред неколку дена ограбиле поштари, а по бегството, се фотографирале со пленот, додека фотографиите ги објавиле на „Фејсбук“. Набргу потоа се откриени, едниот е уапсен, а другите двајца се во бегство.

„Едниот останал во автомобил, додека другите двајца ги чекале поштарите во утринските часови. Ги турнале внатре, ги нападнале со спреј и им се заканувале со огнено оружје. Ги зеле парите и побегнале. Двајца скокнале во полето и побегнале. Третиот продолжил да вози“, наведуваат во словачката полиција.