Македонски планинар почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков од Гевгелија починал денес од срцев удар на Хималиаите во обид да го освои највисокиот врв Монт Еверест.

Агенцијата АФП јави дека  62-годишниот планинар колабирал пред Кампот три на непалската страна од врвот, на надморска височина од 7.200 метри.

„Нашиот тим во базниот камп ја потврдува неговата смрт“, изјавил организаторот на експедицијата Исвари Пудел од Хималајските водичи на Непал.

Локалните медиуми известуваат дека алпинистот починал од срцев удар и е четврт смртен случај во оваа пролетна сезона на искачување на Хималаите.

На поход кон искачување на Монт Еверест доктор Георги Петков тргна на 24 март годинава, а според планот требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да биде шестиот Македонец што го освоил врвот на светот.