Македонските одбојкари ја совладаа Швајцарија во квалификациите за ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација во краjно неизвесен натпревар ја совлада на гости Швајцарија со 2:3 во сетови во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година.

Избраниците на Никола Матијашевиќ одлично го започнаа натпреварот и ги освоија првите два сета за водство од 0:2, но швајцарските одбојкари направија пресврт и ги добија следните два, израмнувајќи на 2:2.

Македонските одбојкари во петтиот одлучувачки сет успеаа да се консолидираат и на крај победија со 12:15.

Македонија овој квалификациски циклус го завршува со две победи и два порази, а следните два натпревари против Унгарија и Украина ќе ги игра во јануари идната година.