Македонските каратисти заминуваат на ЕП во Сочи

Македонските карате репрезентација од 2 до 4 февруари во Сочи, Русија ќе учествува на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21).

Селекторите во кати и борби укажаа на важноста на ова ЕП, заблагодарувајќи се на финансиската помош за припреми и натпревари, за која Агенцијата за млади и спорт дава несебична поддршка, со посебен акцент кој се дава на каратето, поради остварувањата на македонските каратисти речиси на сите натпреварувања, особено по неговиот прием во Олимписките спортови.

– Сите натпреварувачи се максимално припремени, без никакви повреди и притисоци, во поход по нови континентални одличја. Секој настап на официјалните континентални и светски натпреварувања се уште еден чекор поблиску до настап на ОИ, изјави Александар Кузмановски.

На 45. Европско првенство во Сочи се пријавени околу 1.000 натпреварувачи од 44 држави. Од Македонија ќе настапат 21 каратист.