Македонската филхармонија ќе донира за лекувањето на малата Валерија

Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекувањето на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, која боледува од тумор на мозокот.

Приходот од продадените билети за симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија, стои во соопштението.