Македонија се пласираше во квалификациите за ЕП 2021

Машкате кошаркарска репрезентација доживеа пораз од Романија со 65:53 (34:29) во последниот натпревар во втората рунда претквалификации за ЕП 2021 година. Поради победата во првиот меѓусебен меч во Скопје од +14, сепак „црвено-жолтите“ се пласираа во квалификациите на Европското.

Натпреварот беше изедначен само по првата четвртина, а потоа Романците ја презедоа контролата на настаните на теренот, а на полувреме водеа со +5 (34:29). Во последните десет минути Македонија влезе со негатива од 7 поени (46:39), а на пет минути пред крајот, Романија првпат дојде на +10 (56:46). Романија во финишот дојде до највисоки дванаесет разлика (62:50), а по тројка поведе и со 65:52. Во финишот домаќините имаа можност да се радуваат, но не успеаја да упатат шут за посакуваната победа од 15 разлика, поради добрата одбрана на нашите кошаркари.

Дамјан Стојановски со 13 поени беше најефикасен во нашите редови, еден помалку постигна Војдан Стојановски. Кај домаќините, Торок даде 12 поени.

По поразот, Македонија го осигура првото место на табелата со 7 поени по 4 натпревари, додека Романија е втора со 5, додека Косово се последни со 3 и со меч помалку, но последниот дуел нема да донесе промени.