Македонија почнува со Шпанија на 21 јануари

Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство, во Вараждин ќе го игра на 21 јануари против првопласираната селекција од Д групата Шпанија.

Два дена потоа противник ќе ни биде третата од групата Д, Чешкаа, следниот ден на 24 јануари е дуелот со Данска.

За точните термини ЕХФ дополнително ќе објави откако ќе ги договори со ТВ куќите кои ги имаат тв правата.

Македонија во групата ќе стартува како прва со 3 бодови, по два ќе имаат Шпанија, Данска, Чешка и Германија, а Словенија има 1 бод.