Од недела снег и температури под нулата

Иако во однос на минатата година, оваа зима е со многу повисоки температури, сепак изгледа дека снежниот бран ни е на самиот праг.

Од недела па и на почетокот на наредната  работна недела се очекува снег да ја покрие територијата на нашата земја, кој ќе придонесе температурите да се спуштат до и под нулата.

Во Хрватска веќе армијата е ангажирана за чистење на снегот откако настана вистински сообраќаен хаос во делови од државата.

Според прогнозата на Accuweather од неделапа се до среда се очекуваат снежни врнежи и температура од 0 до минус 9. Веќе од четвроток се очекуваат повторно врнежеи од дожд и повисоки температури.