Македонија има 52.210 долари богатство по глава на жител

Глобалното богатство е зголемено за 66 отсто, но богатството по глава на жител во државите со високи приходи е 52 пати поголемо отколку во држави со ниски приходи.

Во извештајот на Светска банка „Промени во богатството на нациите 2018“ се нагласува дека намалување на богатството по жител е регистрирано во неколку големи држави со ниски приходи, во некои блискоисточни држави и неколку држави од ОЕЦД со високи приходи погодени од финансиската криза во 2009 година.

Промената на богатството меѓу 1995 и 2014 година била исклучително разнолична при што некои држави покажале голем напредок, а други загубиле „тло под нозете“ по финансиската криза.

Во Грција, Португалија и Шпанија богатството е намалено по финансиската криза во 2010 година.

Европските држави во 2014 година држеле 83 отсто од регионалното богатство – Германија 19 отсто, Франција 14 отсто, Британија 13 отсто, Руска федерација девет отсто, додека осум отсто било во раце на источноевропски и средноазиски држави. Жителите на Норвешка, Швајцарија и Луксембург се најбогати.

Хрватска со богатство по глава на жител од 147.545 долари е на 28 место во регионот и централна Азија, што е под просекот на регионот, кој е 368.233 долари. Над Хрватска е Полска со 154.932 долари, додека Словенија е на 16. место со 351.776 долари.

Според извештајот, Македонија има 52.210 долари богатство по глава на жител.

Норвешка, Швајцарија и Луксембург имале богатство од повеќе од милион долари по жител.

Глобалното богатство е зголемено за околу 66 отсто од 690 илјади милијарди долари на 1.443 илјади милијарди долари.