Македонија ги доби противниците за ЕП во одбојка

Македонската одбојкарска репрезентација денеска ги доби своите противници за Европското првенство.

Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со домаќинот Словенија, актуелниот европски шампион Русија, Финска, Турција и Белорусија.

ЕП 2019 ќе се игра од 13 – 29 септември во четири држави – Словенија, Франција, Белгија и Холандија.

Групи за ЕП 2019 во одбојка:

Група А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија

Група Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија.

Група Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија

Група Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора.