Македонија во февруари вкупно потрошила 678.991 мегават часови струја

Македонија во февруари годинава вкупно потрошила 678.991 мегават часови електрична енергија, 42,483 милиони нормални метри кубни природен гас, 416.900 тони јаглен и 66.449 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 85,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,9  отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.