Маж фрли бомба пред Амбасадата на САД во Подгорица и се самоуби (Видео)

Непознато лице синоќа фрли експлозивна направа врз Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа со бомба се самоуби пред дипломатското претставништво.

Во инцидентот не е оштетен објектот, но сепак полицијата го блокирала булеварот пред Амбасадата на САД.

По експлозијата Амбасадата на својата интернет-страница ги предупреди граѓаните да го избегнуваат реонот.

Мотивот за нападот се уште не е познат.