Маж се самозапали на плоштад во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка.

Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година. Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил. Не се знае какви му биле мотивите.