Маж се обидел да силува девојче во Виница

Непознато лице се обидело да силува 16-годишна девојка во атарот на виничко село додека таа ги напасувала овците. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа, информира МВР.

Случајот вчера во полициска станица во Виница го пријавила нејзината 36-годишна мајка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.