Маж се обидел да влета со автомобил во американска база во Велика Британија

Британската полиција денеска уапси маж, кој со автомобил се обиде да влезе во американската воена воздухопловна база во Сафок, источна Англија.

Американската база Милденхол е затворена поради безбедносниот инцидент.

Британското министерство за одбрана соопшти дека во инцидентот е уапсено едно лице.