Маж манијачел пред средно училиште во Штип


Умоболник со спуштени панталони повикувал да му се придружат четири малолетнички пред средното општинско училипште во Штип.

Од МВР соопштија дека вчера околу 14 часот, додека малолетничките биле во дворот на училиштето, непознато машко лице, кое било надвор од дворното место, ги соблекло панталоните и ги повикувало да дојдат кон него. По преземени мерки, полициски службеници од слобода го лишиле И.А.(36) од Штип. Тој бил приведен во полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање.

По целосно документирање на случајот, од МВР информираат дека против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“.