Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје

Непознат маж од Скопје во неколку наврати во неговиот стан извршил полов напад врз 12-годишно девојче.

Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.