Маестро Џорлев со славенички концерт во Скопје

На 13 ти декември, светскиот ден на виолината, маестро Зоран Џорлев го закажа својот славенички концерт, „40 години дружење со виолината“, кој ќе се одржи во МОБ од 20 часот. Програмата ќе биде разновидна (класика, џез, евергрин, македонски фолк и поп обработки.)

Како гости ќе настапат соработниците на концертниот музичар, професор по виолина и автор на Тв емисии- Петар Јованов од Австралија и Ненад Путник од Словенија, а од Македонија,  школската другарка и соработничка Калиопи на која и свири на сите нејзини евровизиски изданија и цедеа, Ќазим Асотиќ на фагот, Ѓоко Алоски на труба, членови на потесното семејство и децата Наско и Мартин со кои за прв пат ќе настапи јавно на сцена.

На сцената ќе го придружуваат дел од колегите од оркестарот на МОБ, бивши ученици и студенти. Со оркестарот ќе диригира Маестро Ле Фи Фи. Маестро Дамир Имери направи специјални аранжмани за големиот оркестар, а меѓу аранжерските имиња се и Сашко Николовски и Бедрија Синаноски–Беџо.