Мадуро ги брка американските дипломати од Венецуела

Претседателот на Венецуела , Николас Мадуро им дава 72 часа на американските дипломати да ја напуштат земјата, откако претседателот Доналд Трамп го призна Хуан Гуаидо за в.д. претседател на државата.

Признавањето на Трамп дојде на само неколку минути откако 35 годишниот лидер на опозицијата и претседател на Националното собрание , се прогласи себеси за лидер на Венецуела на големиот протест во Каракас.

Трамп при тоа ги повика и другите западни земји да го признаат Гуаидо за претседател, со што, според него, ќе се засили притисокот врз Каракас.

Гуаидо раководи со Националното собрание, во кое мнозинство има опозицијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.