ЛШ: Баерн го победи Бешикташ и среде Истанбул

 Фудбалерите на Баерн го победија Бешикташ и во Истанбул во реванш од осмина-финалето во Лигата на шампиони со 3-1 (1-0).
Со таа победа, тренерот на Баерн, Јуп Хајнкес стана рекордер меѓу тренерите со 11 последователни победи во Лигата на шампиони.
Баерн поведе во 18-та минута со голот на Tиаго Алкантаре
Секунди по продолжувањето во второт полувреме, Гонул си постигна автогол, но 25 минути подоцна Вагнер Лав ја спаси честа на Турците, реализирајќи го почесниот гол.
Во 84-тата минута Сандро Вагнер се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат.