Лук Бесон ослободен од обвинението за силување

Француското обвинителство го ослободи режисерот Лук Бесон од обвинението за силување, откако поранешната девојка го пријави за сексуална злоупотреба.
Меѓутоа, против Бесон покрената е уште една прелиминарна истрага за сексуално вознемирување за што го пријави неименувана жена, пишува „Гардијан“.
По деталната истрага, утврдено е дека познатиот режисер не е виновен за сексуална злоупотреба за што го обвини актерката Сенд ван Рој, која рече дека Бесон (59) во текот на нивната врска во повеќе наврати ја силувал. Ван Рој е само една од деветте жени кои го обвинија бесон за сексуална злоупотреба и вознемирување.
Неговите адвокати соопштија дека истрагата е завршена, а самиот бесон секогаш негираше дека е виновен по обвиненијата.
Бесон е „тажен затоа што некои луѓе – малцинство, за среќа – веднаш го осудија“, рекоа неговите адвокати.
Додаваат дека режисерот им се „заблагодарува на сите кои му пружија поддршка и му помогнаа да ги истурка овие тешки месеци“.
Ван Рој, актерка од холандско-белгиско потекло која во неколку Бесонови филмови имала помалку, незабележителни улоги, вели дека била силувана четири пати, но сека се плашела оти ќе ја загрози својата кариера ако го пријави.
Лабораториските испитувања, откако таа во мај го пријави бесон за силување, покажаа дека таа не била под дејство на недозволени супстанци, иако тврдеше дека режисерот ја дрогирал, но по нејзините обвиненија уште осум жени се пожалија на неговото однесување во полиција и во медиумите.
Една актерка тврдеше дека морала „на врат – на нос“’ да бега од кастинг во неговата канцеларија во Париз 2002 година.
Неговите претставници велат дека тој негира дека е виновен за недоличното однесување.