Луис ван Гал: Добив предлог кој не можам да го одбијам

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал, чие име е едно од бројните, кое се поврзува со тренерската позиција во Арсенал, изјави дека добил понуда која не може да ја одбие.

– Се уште не можам да кажам дека ја завршив кариерата. Се уште добивам многу предлози. Иако звучи досадно за некои луѓе, тоа е вистина. Сега имам понуда која мислам дека нема да можам да ја одбијам, изјави Луис ван Гал.

За последен пат, Холанѓанецот беше на чело на Манчестер Јунајтед, каде работеше од 2014 до 2016 година. Таму тој освои еден трофеј – ФА Купот на Англија во сезоната 2015/16.