„Лос Анџелес Тајмс“: Насловна само со бели актерки предизвика бес во јавноста


САД- Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ треба да се оправда откако нивната насловна сторија за поддршка на актерките вклучуваше само бели жени, се пожалија корисниците на твитер.
Сторијата од „Envelop“ делот на списанието, кој се истражува сезоната на доделување награди, е насловена „Промена на фокусот: Актерките повикаа на промена на начинот на кој се раскажуваат многу приказни.“
Дискусијата на тркалезната маса на „врните актерки“, од кои сите до една се бели – беше за работењето во Холивуд и за третманот на жените во филмовите. Меѓу тие што позираа за насловната на четврточниот број беа Џесика Частеин, Марго Роби, Дајен Кругер, Саорс Ронан, Анет Бенинг и Кејт Винслет. Сите, освен Кругер, најверојатно ќе бидат кандидатки за најдобра женска улога на Оскарите во 2018 година. Сите, освен Частеин, се русокоси.
Професорот по англиски јазик при Универзитетот Фордхам, Скот Пулсон-Брајант им препорача на одговорните во „Лос Анџелес Тајмс“ да го побараат зборот „иронија“ во речник. Тој се пошегува дека најверојатно Частеин и нејзината црвена коса е единствената понуда за „различност“.
Еве неколку „врвни актерки“ кои весникот можеше да ги вклучи. Дури и ако намерата на весникот беше да се сконцентрира на кандидатките за награди, постојеја повеќе опции. Чилеанската трансродова актерка Даниела Вега и Селма Хајек се исто така предвидени за номинацијата за главна женска улога на Оскарите. Кандидатките за споредна женска улога како Октавија Спенсер, Хонг Чау, Мери Џеј Блајџ и Тифани Хадиш се сите актерки кои можеа да додадат малку колоритен контраст во групата.
Но, корисниците на Твитер не беа бесни само на весникот – тие особено беа бесни на жените кои позираа за насловната без да проговорат против неправдата.
Писателката и радио продуцентката Ребека Керол ја прозва Частеин, која има говорено за правата на жените од малцинствата. „Искрено, Честеин, како гласноговорник за еднаквост, како можеше да позираш за оваа фотографија и да не се почувствуваш апсолутно навредено од оваа бесрамна ексклузија?“
Керол ја прозва „промената на фокус“ на весникот и ја нарече „антитезата на промената на фокус – ова е буквално истиот фокус кој го имаат белите жени во Холивуд.“ Таа исто така се исмеа на нарекувањето на групата како „агенти за промена“, кога баш црните жени беа тие кои го победија Рој Мур во Специјалниот сенат за избор во Алабама.
Частеин не одговори на критиките од Керол. Што е уште поиронично, една од актерките напиша на Твитер дека сторијата во Њујорк Тајмс за „заборавените“ жени, од кои многу од нив се од малцинствата и кои сѐ уште се сексуално злоставувани во фабриките на „Форд Моторс“.