Лореал ги собра холивудските дами: Храбри на 50 +

Франција– Ѕвезден тим од храбри девојки 50+ е собран за новата рекламна кампања на „L’Oréal Paris“ и едвај има жена која не сака да се приклучи кон нивните редови. Козметичкиот бренд не случајно се обложува на ѕвезди кои изгледаат одлично и покрај нивните години и покрај брчките на нивното лице. Само затоа што ги носат гордо и со достоинство.

80-годишната Џејн Фонда, 72-годишната Хелен Мирен, 57-годишната Џулијан Мур, 63-годишната Изабел Аџани, 55-годишната Ванеса Вилијамс и 67-годишната Ајрис Бербен се собрани во заедничка фотосесија со едно порака: „Похрабри од било кога“. Зошто?

Според истражувањето на брендот, 70 проценти од жените на возраст над 55 години тврдат дека се чувствуваат невидливи за општеството, а 87 проценти сметаат дека не се претставени како возрасна категорија во рекламите.

„Не е случајно што луѓето велат дека староста не е за кукавици. Да, мора да бидете храбри. Треба да си доволно храбар за да не се обидуваш да изгледаш така, како си изгледал претходно, туку да изгледаш што е можно најдобро за својата возраст“, вели Џејн Фонда по повод пораката на кампањата.