Лондон ќе овозможи руски дипломати да ја посетат Јулија Скрипал

Британската Влада ја разгледува можноста да дозволи руски дипломатски претсатвници да ја посетат Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот двоен шпион, кои заедно беа изложени на нервен гас во Солзбери.

– Го разгледуваме барањето за конзуларен пристап во согласност со нашите обврски кон меѓунароното и домашното право, вклучувајќи ги правата и желбите на Јулија Скрипал, соопшти Форин офисот.

Руската амбасада во Лондон поднесе барање да ја посети Јулија Скрипал во болница во Солзбери, откако беше објавено дека нејзината здраствена состојба е подобрена.

Амбасадата инсистира да и се овозможи конзуларен пристап до Јулија Скрипал, како државјанка на Русија.