Ловџија казнет со една година затвор и еднаш месечно да го гледа цртаниот „Бамби“

Судот во Мисури му изрече многу необична казна на еден ловџија – покрај една година затвор, судот му нареди секој месец да го изгледа анимираниот филм „Бамби“.

Дејвид Бери Џуниор беше осуден на една година затвор за нелегално убивање срни и елени, при што им ги отсекувал само главите, а остатокот од телото го оставал во шума.

Тој во затвор секој месец ќе мора да го гледа анимираниот филм од 1942 година, во кој ловџиите ја убиваат мајката на Бамби.

Судот му ја изрече оваа пресуда за да му објасни на најдобар можен начин зошто повеќе не треба да убива животни.

Бери беше уапсен на крајот од август 2016 година, а истрагата траеше до неодамна, кога судот собра доволно докази за да го осуди.