Лоба со новогодишен подарок за фановите

Поп-пејачката Викторија Лоба, вечерва, во ресторан „Фор“  во 19 часот, го промовира првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија.

Албумот е сниман во M-Sol Records Studio, Just RB Studio и студио Јованови. Музички продуценти се Марга Сол и Роберт Билбилов.

Досега од македонскиот албумот се издадени песните „Опиум“, „Херој“,  ремикс од „9 работи“, како и интересни соработки со познатите Роберт Билбилов и Тајзи , дуетите „Ти си виновна“ и „Каде сме ние“. Англиската верзија, пак,  ќе биде целосно изненадување за македонскиот пазар.

Албумите ќе бидат достапни worldwide преку сите дигитални и стриминг сервиси. На онлајн продавницата на македонската издавачка куќа M-Sol Records (www.m-solrecords.com) албумите ќе можат да се купуваат дигитално и на механичко ЦД, со достава низ Македонија.