Лига на шампиони: Ливерпул и Бешикташ по заверка на лидерските места

Фудбалската Лига на шампиони влегува во завршна фаза. По паузата за репрезентативни активности продолжува престижното натпреварување на УЕФА со денешните осум средби во групите Е, Ф, Г и Х. Внимание привлекуваат неколку од нив од причина што дел од екипите би можеле уште вечерва да се промовираат како осминафиналисти. Ова особено важи за Шахтјор и Бешикташ кои би биле задоволни и со бод во дуелите со Наполи на гости, односно, со Порто на домашен терен.

Реал Мадрид гостува на АПОЕЛ и со победа над Кипраните, а пораз или реми на Тотенхем во Дортмунд, ќе ги воскреснат шансите за првата позиција во групата Х. Евентуална победа, пак, на Ливерпул на тревникот на Севилја ќе значи осигурување на првото место во групата Е за тимот на Јирген Клоп.

Во останатите средби ќе играат Спартак Москва – Марибор (група Е), Манчестер сити – Феенорд (група Ф), Монако – Лајпциг (група Г)

Лига на шампиони

Денеска играат

Група Е: Спартак Москва – Марибор (18 ч.), Севилја – Ливерпул (20,45 ч.)

Табела: Ливерпул 8, Севилја 7, Спартак Москва 5, Марибор 1.

Група Ф: Наполи – Шахтјор (20,45 ч.), Манчестер сити – Феенорд (20,45 ч.)

Табела: Манчестер сити 12, Шахтјор 9, Наполи 3, Феенорд 0.

Група Г: Бешикташ – Порто (18 ч.), Монако – Лајпциг (20,45 ч.)

Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Монако 4, Лајпциг 2.

Група Х: Борусија Дортмунд – Тотенхем (20,45 ч.), АПОЕЛ – Реал Мадрид (20,45 ч.)

Табела: Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Дортмунд 2, АПОЕЛ 2