Лига Европа, 1/16 финале: Динамо З. во Чешка, Арсенал кај БАТЕ, Челзи со Малме

Во седиштето на УЕФА во Нион (Швајцарија) беше извршена ждрепка и за 1/16 финалето на Лигата на Европа. Хрватскиот првак Динамо Загреб за противник ја доби Викторија Плзен, Арсенал ќе игра со БАТЕ Борисов, а Челзи ќе излезе на мегдан на Малме.

Двојки за 1/16 финале во Лига Европа

Викторија (Чешка) – Динамо (Загреб, Хрватска)
Бриж (Белгија) – Салцбург (Австрија)
Рапид (Австрија) – Интер (Италија)
Славија (Чешка) – Генк (Белгија)
Краснодар (Русија) – Баер (Германија)
Цирих (Швајцарија) – Наполи (Италија)
Малме (Шведска) – Челзи (Англија)
Шахтјор (Украина) – Ајнтрахт (Германија)
Селтик (Шкотска) – Валенсија (Шпанија)
Рен (Франција) – Бетис (Шпанија)
Олимпијакос (Грција) – Динамо (Киев, Украина)
Лацио (Италија) – Севилја (Шпанија)
Фенербахче (Турција) – Зенит (Русија)
Спортинг (Португалија) – Вилјареал (Шпанија)
БАТЕ (Белорусија) – Арсенал (Англија)
Галатасарај (Турција) – Бенфика (Португалија)

Првите натпревари ќе се одржат од 12 до 14 февруари, 2019 година, а реваншите се закажани за 20 и 21 февруари.

Финалето ќе се игра на 29 мај во Баку, Азербејџан.