Лига Европа: Петти пораз на Вардар, еврогол на Блажевски

Вардар го претрпе петтиот пораз во Лига Европа. Зенит ги совлада „црвено-црните“ со 2:1 и го потврди учеството во шеснаесетфинале во натпреварувањето на УЕФА. Како утеха за македонскиот првак, покрај солидната игра на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, ќе остане евроголот со волеј на Дејан Блажевски во третата минута од судиското надополнување.

Двата гола за домашните ги постигнаа Полож во 16 минута и Ригони во 43 минута. Во меѓувреме, Гачевски го одбрани ударот од белата точка на Ѕјуба во 27 минута.

Во последното коло на 7 декември, Вардар ќе биде домаќин на Розенборг кој вечерва во Трондхајм загуби од Реал Сосиедад со 0:1.

Лига Европа, 5 коло

Група А: Макаби Тел Авив – Славија Прага 0:2, Астана – Вилјареал 2:3.

Табела: Вилјареал 11, Славија Прага 8, Астана 7, Макаби Тел Авив 1.

Група Б: Партизан – Јанг Бојс 2:1, Скендербег – Динамо Киев 3:2.

Табела: Динамо Киев 10, Партизан 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3.

Група Ц: Брага – Хофенхајм 3:1, Лудогорец – Истанбул Башакшехир 1:2.

Табела: Брага 10, Лудогорец 8, Истанбул Башакшехир 5, Хофенхајм 4.

Група Д: Милан – Австрија Виена 5:1, АЕК – Риека 2:2.

Табела: Милан 11, АЕК 7, Австрија Виена 4, Риека 4.

Група Е: Евертон – Аталанта 1:5, Олимпик Лион – Аполон 4:0.

Табела: Аталанта 11, Олимпик Лион 11, Аполон 3, Евертон 1.

Група Ф: Шериф Тираспол – Жлин 1:0, Локомотив Москва – Копенхаген 2:1.

Табела: Шериф Тираспол 9, Локомотив Москва 8, Копенхаген 6, Жлин 2.

Група Г: Лугано – Хапоел Бер Шева 1:0, Викторија Плзен – ФЦС Букурешт 2:0.

Табела: ФЦС Букурешт 10, Викторија Плзен 9, Лугано 6, Хапоел Бер Шева 4.

Група Х: Келн – Арсенал 1:0, БАТЕ Борисов – Црвена звезда 0:0.

Табела: Арсенал 10, Келн 6, Црвена звезда 6, БАТЕ Борисов 5.

Група И: Салцбург – Виторија Гимараеш 3:0, Конјаспор – Олимпик Марсеј 1:1.

Табела: Салцбург 11, Олимпик Марсеј 7, Конјаспор 5, Виторија Гимараеш 4.

Група Ј: Естерсундс – Зорја 2:0, Атлетик Билбао – Херта 3:2.

Табела: Естерсундс 10, Атлетик Билбао 8, Зорја Луханск 6, Херта 4.

Група К: Ница – Зулте Варегем 3:1, Лацио – Витесе 1:1.

Табела: Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 4, Витесе 2.

Група Л: Зенит – Вардар 2:1, Розенборг – Реал Сосиедад 0:1

Табела: Зенит 13, Реал Сосиедад 12, Розенборг 4, Вардар 0.