Лигата на шампионите и следната сезона без видео технологија

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на конгресот во Братислава истакна дека и следната сезона нема да се употребува видео технологијата во Лигата на шампионите.

Според првиот човек на УЕФА, видео технологијата или ВАР технологијата (Video assistant referees) е добар проек, но дека нема потреба за брзање.

–          За едно елитно клупско натпреварување системот треба да биде потполно беспрекорен, вели Чеферин.

ВАР системот веќе се употребува во италијанската Серија А, во Бундес лигата, во Англија се тестираше на куп-мечевите, а ќе се употребува и на Светското првенство во Русија.

Минатиот месец беа објавени резултатите од двогодишната анализа на пробната употреба на ВАР системот, според кои судиите со помош на видео асистенција донеле 98,9 отсто правилни одлуки.