Ливерпул преку Кардиф се искачи на врвот на Премиер лигата

Ливерпул на домашен терен со убедливи 4:1 го совлада Кардиф и се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата. Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и уште во десетата минута преку Мохамед Салах стигнаа до водство од 1:0.

На стартот од второто полувреме Садио Мане зголеми на 2:0, а Кардиф во 77-та минута преку погодокот на Калум Патерсон намали на 2:1. Во 84-та минута Џердан Шаќири беше прецизен за 3:1, а конечните 4:1 три минути подоцна ги постави Мане со својот втор гол. Ливерпул сега е на врвот на табелата со 26 бода, три повеќе од Манчестер сити, кој во понеделник на гости против Тотенхем ќе игра натпревар од тековното коло.