Ливерпул е вториот патник во финалето на Лигата на шампионите

Рома со 4-2 го победи Ливерпул во реванш полуфиналниот меч од Лигата на шампионите, но „црвените“ се тие кои ќе патуваат во финалето во Киев, благодарение на триумф од 5-2 на Енфилд.

Ливерпул во финалето на 26 мај ќе игра против Реал Мадрид кој  е бранител на тронот и ќе се обиде трет пат во низа да го освоји трофејот.