Ливерпул го победи Манчестер Јунајтед и се врати на врвот во Премиер лигата

Во дербито на 17-тото премиерлигашко коло, Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 и повторно е на водечката позиција на табелата.

На другите два неделни натпревара во Англиското фудбалско првенство:
Саутемптон – Арсенал 3:2
Брајтон – Челзи 1:2.

Табела: Ливерпул 45 бода, Манчестер Сити 44, Тотенхем 39, Челзи 37, Арсенал 34,…

Клоп: На теренот видовме тим од највисоко ниво

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше презадоволен од играта на неговите избраници на денешното дерби со Манчестер Јунајтед.

– Воодушевен сум од нашата игра. Начинот на кој денес играа момците е неверојатен. Нашиот план беше да ги поврземе редовите. Првиот гол беше како нацртан. Денеска на теренот гледавме тим од највисоко ниво, изјави Клоп.

Надеж за титулата? Денес игравме против Манчестер Јунајтед, не мислевме на трофејот. Сакавме да победиме на натпревар кој беше многу тежок. Знаеме дека сме добар тим. Денес успеавме тоа да го докажеме, ние ќе продолжиме да го докажуваме тоа, додаде германскиот стручњак.