Леонардо ди Каприо наполни 44 години

САД- Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо со гала забава само со покани во ноќен клуб во Њујорк прослави 44 години. Присуствуваа Бијонсе и Џеј-Зи, Џенифер Анистон, Гвинет Палтроу со новиот сопруг и други славни гости.

Вечниот ерген во Холивуд е меѓу најангажираните актери во својата генерација. Заедно со  Бред Пит ќе учествуваат во новиот филм на американскиот режисер Квентин Тарантино, кој ќе излезе на големиот екран во август 2019 година.

Тоа ќе биде првиот филм во кој двајцата познати актери, носители на „Оскар“, ќе учествуваат заедно, иако и двајцата работеле со Тарантино и порано.

Ди Каприо и Мартин Скорсезе и официјално повторно ќе соработуваат. „Императив ентертејнмент“ го ангажира Скорсезе да го режира, а ДиКаприо да глуми во адаптацијата на филмот „Убијци на цветната месечина”, најпродаваната книга на „Њујорк тајмс“ од авторот Дејвид Гран.

Овој проект ќе биде петтиот филм на кој Ди Каприо и Скорсезе работеле заедно. Претходно се здружија во филмот „Волкот од Волстрит”, кој беше и номиниран за Оскар.