„Лекип“ го состави тимот на годината: Реал Мадрид со најмногу фудбалери

Францускиот весник „Лекип“ го избра идеалниот тим на годината во кој најмногу фудбалери има од европскиот шампион Реал Мадрид.

Од „кралскиот клуб“ во идеалниот состав за 2017 година се четворица, тројца доаѓаат од ПСЖ и по еден претставник имаат Барселона, Јувентус, Баерн и Челзи.

Идеален тим на годината според „Л’Екип“:

голман: Џанлуиџи Буфон (Јувентус);

одбрана: Дани Алвеш (ПСЖ), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Баерн Минхен), Марсело (Реал Мадрид);

среден ред: Лионел Меси (Барселона), Н’Голо Канте (Челзи), Лука Модриќ (Реал Мадрид);

напад: Нејмар (ПСЖ), Единсон Кавани (ПСЖ), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).