Легендарни глумици се обединија за новата урнебесна комедија: “Book Club” доаѓа во Скопје

 

Објавен е финалниот трејлер за урнебесно смешната комедија “Book Club” која ги обедини најдобрите глумци Дајан Китон, Џејн Фонда, Кендис Берген, Мери Стинбурген, Енди Гарсија, Крејг Т. Нелсон, Дон Џонсон, Алиша Силверстон и Ричард Драјфус.

Во Скопје премиерата на филмот е во четврток , а од петок е на редовниот репертоар во „Синеплекс“.

Филмското остварување на продуцентот и сценаристот Бил Холдерман ја раскажува приказната за четири долгогодишни пријателки од Калифорнија кои ќе го откријат и прочитаат популарниот роман “50 нијанси сиво” во клубот за љубители на книги.

Комедијата својата кулминација ќе ја доживее кога Дајан, Вивиан, Шерон и Керол ќе го променат својот љубовен живот откако ќе го прочитаат романот кој е малку поразличен од оној на кој се навикнати.

Холдерман го направи своето деби со филмот “Book Club”, кој до сега беше познат како продуцент и писател.