Левандовски: Реал фаворит, но тоа не значи дека ќе не победи

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во пресрет на вечерашниот дуел со Реал Мадрид, ја препушти фаворитската улога на ривалот, но потенцира дека тоа не значи и однапред победа за актуелниот европски првак.

– Реал е фаворит, но тоа не значи дека ќе не победи. Кога ќе ја освоиш Лигата на шампионите две години по ред, автоматски си фаворит. Но, ние не размислуваме за тоа. Во добра форма сме, последните резултати се многу добри. Потребна е целосна концентрација. Грешките не можат да се толерираат, а истовремено треба да ги искористиме нивните пропусти, рече Левандовски.

Баерн го пречекува Реал вечер во Минхен со почеток во 20:45 часот во првиот дуел од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите.