Левандовски: Реал е фаворит против Баерн

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски вели дека Реал Мадрид е фаворит во претстојниот полуфинален судир помеѓу двата тима во Лига на шампионите.

– Кога ќе ја освоиш Лигата на шампионите две последователни години, сосема е нормално да бидеш фаворит. Но, тоа не значи дека тие ќе победат, прокоментира Левандовски.

Тој изјави дека баварците се во добра форма во последните натпревари и треба да ја покажат истата игра и против Реал Мадрид.

– Мораме да бидеме фокусирани и во случај Реал Мадрид да направи
грешки, треба да ги казниме. Ако успееме да го наметнеме нашиот стил на игра, Реал Мадрид може да има проблеми, смета Полјакот.

Напаѓачот додаде дека не заборавиле што се случило минатата година кога беа елиминирани токму од „кралевите“ по неколку контроверзни одлуки, но и дека сега очекува поинаков натпревар.

Тој ја посочи и улогата на ѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо и изрази надеж дека Португалецот нема да има свој ден.

– Се надевам дека Кристијано Роналдо нема да постигне гол оваа година. Реал Мадрид не е само Кристијано Роналдо, заврши Роберт Левандовски.