„Лакталис“ повторно повлекува производи поради салмонела

Француската млечна индустрија „Лакталис“ вторпат за еден месец повлекува милиони производи ширум светот поради салмонела. Како и минатата недела и сега се повлечени производите за бебиња под претпоставка дека се заразени со салмонела.

„Лакталис“ на почетокот од месецот повлече неколку милиони производи врз база на млеко за бебиња, а сегашното повлекување е „поради превентивни мерки“ и се опфатени проиводите испорачани од февруари годинава од погонот во Краон.

Портпаролот на компанијата Мишел Налет  изјави дека се повлекуваат производи во околу 30 држави, но не ги именува земјите.

„Лактакис“ преку соопштение им се извини на потрошувачите, истакнувајќи дека истрагата потврдила дека заразата почнала по реновирање на почетокот на годината на погонот во Краон и оти таму е запрено производството.