Лавров: Да се измени Механизмот за истражување на хемиските напади во Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска најави дека Русија нема да ја поддржи американската Предлог-резолуција во Советот за безбедност на Светската организација, за продолжување на мандатот на Заедничкиот механизам на ОН и на Организацијата за забрана на хемиското оружје за истражување на химиските напади во Сирија.

Според него, со американската Предлог-резолуција се предвидува само продолжување на мандатот на механизмот, без никакви промени во мисијата.

– Тоа едноставно е апсолутно неприфатливо. Ние не негираме дека е значајно да продолжи истрагата за сите инциденти (со хемиско оружје) во Сирија и во соседните земји, но во работата на Механизмаот се неопходни измени, изјави Лавров.

Тој најави дека Русија до Советот за безбедност на ОН веќе доставила своја Предлог-резолуција, со која се предлагаат измени во мандатот на механизмот.

– Ако нашиот предлог биде болкиран од Американците или од Американците и нивните сојузници, тоа ќе значи само едно – дека ним не им е во интерес да се дознае вистината за тоа кој и на каков начин користел хемиско оружје, туку само Механизмот са продолжи да постои како послушен инструмент за манипулирање со јавното мислење и со сите членки на ОН, нагласи Лавров.

Мандатот на Заедничкиот механизам за истражување на нападите со химиско оружје во Сирија истекува утре.

Во својот последен извештај доставен до ОН кон крајот на минатиот месец, Механизмот ги обвини сириските власти за користење на гасот сарин при нападот во градот Хан Шејхун на 4 април 2017, како и групата Исламска држава (ИД) за употреба на гасот иперит при нападот врз местото Матар Ум Хош на 16 септември 2016 година.