(ВИДЕО) Лавина затрупа скијачи во ски-центарот Кран Монтана

Неколку скијачи се затрупани во лавина во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана, соопшти денеска полицијата.

Полицијата на кантонот Вале, каде што се наоѓа ски-центарот, на Твитер објави дека спасувачки екипи се на терен и дека неколку лица се затрупани.

Локалните медиуми објавија дека во лавината се затрупани од десет до 12 лица, но и дека тој број можеби е поголем.

Лавината се одронила бидејќи температурата минатата недела била во пораст, што предизвикало топење на снегот.