Лавина во Брезовица, загина косовски заменик-министер

Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица.

Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.