Лабуристи ќе поддржат втор референдум за Брегзит

Лидерот на лабуристичката партија Џереми Корбин изјави дека тие ќе поддржат втор референдум за да го спречат, како што рече, „штетниот ториевски Брегзит“. Тој рече дека ќе поднесе или поддржи „амандман во корист на јавно гласање“.

– На овој или оној начин, ќе сториме сè што е во наша моќ за да спречиме напуштање на ЕУ за договор, рече Корбин.