Кучиња скитници задавија три кози и едно јаре во Кавадаречко

Кучиња скитници задавиле три кози и едно јаре, а една е повредена од нападот во близина на Кавадарци.

Сопственикот Камче Дрваров кој надвор од градот чува домашни животни вели дека очекува ветеринарен доктор и случајот дека ќе го пријави во полиција.

Според него, кучиња скитници во чопор и по неколку десетици се честа слика, а во градот веќе подолго време се алармира дека кучиња скитници се носат и од други општини.