Куп на Македонија: Голеада во штипско-струмичката пресметка

На фудбалските терени низ земјава се одиграа првите натпревари од осминафиналната рунда. Најмногу голови видоа гледачите на штипско-струмичката пресметка, во која Академија Пандев како гостин ја совлада Брегалница со 6-2 (2-1). Вардар како домаќин губеше на полувреме од Македонија Ѓорче Петров, но израмни во вториот дел, додека бранителот на титулата, Шкендија со 2-0 го совлада второлигашот Кит-Го од Пехчево. Тимот на Кораби беше слободен што практично значи директен пласман меѓу осумте најдобри.

 

Резултати: Шкендија – КитГо 2:0, Вардар – Македонија Ѓ.П. 1:1, Брегалница – Академија Пандев 2:6, Тиквеш – Работнички 0:1, Гостивар – Победа 1-2, Скопје – Силекс 0:2 и Пелистер – Беласица 0:2.

 

Реванш натпреварите се играат на трети октомври од 15 часот.