Куманово ќе добие ново јавно претпријатие „Куманово План“

Куманово ќе добие уште едно јавно претпријатие „Куманово План”, одлучија советниците на денешната седница на која беа разгледани 50. точки на дневниот ред. Претседателот на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска информираше дека претпријатието се формира на иницијатива на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, а ќе се занимава со планирање, проектирање и изработка на просторни и урбанистички планови.

– За потребите на претпријатието донесена е и одлука да се пренаменат средствата во висина од 5,5 милиони денари кои досега се користеа од одделението за урбанизам за истата намена, информираше Мургашанска.

На денешната седница, советникот од Сојузот на Ромите Срџан Рушити кој досега беше дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, информираше дека ќе премине во колацијата предводена од СДСМ, согласно политиките на неговата партија на централно ниво.