Критична состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец, се појави и нов кај Трстеник

Состојбата со пожарот кај росоманското село Манастирец се уште е критична, а се појави и нов кај соседното Трстеник.

Командиорот на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, Александар Чадамов информира за МИА дека во моментов во гаснење на пожарот во манастирскиот атар учествуваат девет пожарникари и пет работници од „Македонски шуми”.

-Во моментов ги повикуваме сите слободни пожарникари кои не се на смена, за да не го оставиме градот Кавадарци на милост и немилост, бидејќи огнот од кај Трстеник се движи кон Кавадарци и борјата на ридот Голем Љубаш, кои се своевидни бели дробови за кавадарчани, нагласува Чадамов.

Дополнителна екипа пожарникари е испратена на новото жариште кај Трстеник.