Кривична пријава за никуштанец за обид за убиство

 Против А.М.(31) од село Никуштак, општина Липково, СВР Куманово поднесе кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти МВР, на 25 декември 2018 година во 16.45 часот во село Никуштак, по претходна вербална расправија со М.А., А.М. со пиштол испукал неколку куршуми кон М.А., но не го погодил.